Достапни линкови

logo-print

Сирија го уништила хемиското оружје?


Башар ал Асад

Башар ал Асад

Организацијата за забрана на хемиското оружје соопшти дека Сирија го уништила сето свое пријавено хемиско оружје согласно крајниот рок 1 ноември. Организацијата во документ објавен од Ројтерс наведува дека е потврдено уништувањето на 23 капацитети со хемиско оружје кои Сирија ги пријавила за овој рок.
Претседателот Башар ал-Асад се согласи да го уништи хемиското оружје до средина на 2014 откако САД се заканија со воена интервенција по хемискиот напад во предградие на Дамаск во кој загинале 1.400 луѓе во август годинава.
XS
SM
MD
LG