Достапни линкови

Каматите паѓаат, штеди кој има


Оние што имаат некој денар вишок се загрижени поради најавите за пад на каматите на штедните влогови. Други, пак, велат дека не им е гајле, зашто немаат што да прават.

Многу луѓе со разочарување го дочекаа известувањето на некои од банките дека ќе паѓаат каматите. Овие најнови чекори, некои од луѓето ќе ги натераат да ги повлечат своите заштеди. Банките преку ноќ ги менуваат каматните стапки. Тоа е неприфатливо однесување, вели еден граѓанин. Износот на каматите би требало да биде како порано. Така ќе може да се заштеди, коментираат клиентите.
Претераа со каматите, 500 денари ти даваат на огромна цифра, порано по 2-3 илјади ќе ти дадеа, па барем ќе ти се исплати, нешто ќе платиш.
Анкетиран граѓанин.

„Ќе си ги извадам парите, нека ми седат дома, зошто некој да работи со моите пари.“

„Претераа со каматите, 500 денари ти даваат на огромна цифра, порано по 2-3 илјади ќе ти дадеа, па барем ќе ти се исплати, нешто ќе платиш“, велат анкетираните граѓани.
Од каде? Треба прво работа, а не само лажно бришење на невработени во државава. Со 45 години кој ќе ме прими, кој ќе ме вработи, тоа така функционира овдека. Од што да штедам?
Анкетирана граѓанка.

Банкарите велат дека позитивен тренд е дека штедењето во денари зема замав бидејќи висината на каматната стапка тука е поголема. Но, има и многу луѓе кои воопшто не ги интересира веста дека банките ќе ги намалуваат каматите од причина што немаат стандард за да може да размислуваат за штедење. А, тие не се малку кога се знае дека 30 проценти од населението е без работа. Стандардот ни е паднат многу, коментираат некои од нив кои гледаат како да го преживеат секој месец и немаат можност да тргнат некој денар настрана.
Штеди секој што има пари. Секој на кого што ќе му остане некој вишок на средства гледа да ги заштеди. Буквално имаме и орочувања од најситни износи, па до големи износи.
Владимир Ефтимоски, претседател на УО на Стопанска Банка АД Битола.

„Од каде? Треба прво работа, а не само лажно бришење на невработени во државава. Со 45 години кој ќе ме прими, кој ќе ме вработи, тоа така функционира овдека. Од што да штедам?“, прашува една скопјанка.

Меѓутоа и покрај овие факти, сепак излегува дека дел од граѓаните имаат пари да ги доверат своите вишок средства на чување во банките. Според НБРМ, штедењето во првите девет месеци бележи раст од 4 отсто во споредба со лани.

„Штеди секој што има пари. Секој на кого што ќе му остане некој вишок на средства гледа да ги заштеди. Буквално имаме и орочувања од најситни износи, па до големи износи“, вели Владимир Ефтимоски, претседател на УО на Стопанска Банка АД Битола.

Меѓутоа, според некои согледувања, сепак главниот столб на пораст на штедењето се богатите. Она, пак, што најмалку ги интересира граѓаните се инвестициските фондови. И упатените констатираат дека по сите турбуленции на берзата, факт е дека инвестициските фондови не успеаја да заживеат на пазарот.

„Условите на пазарот дефинитивно се тешки, така што штедачите се одлучуваат за минимален ризик. Една од работите каде што банките имаат предност во однос на инвестициските фондови е гарантирањето на штедните влогови“, вели Ефтимоски.

Има повеќе причини зошто луѓето не се многу среќни кога ќе се споменат инвестициските фондови кај нас. На дел од граѓаните сè уште им се свежи сеќавањата за парите што им исчезнаа преку ноќ во штедилниците кои даваа виски камати.

„Уште тоа е малку табу тема кај нас. Јас тоа сум го разгледувала, ама сепак сме ние една држава и таков менталитет што сме скептици околу инвестирање, дали во осигурување или како било“, вели една граѓанка.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG