Достапни линкови

logo-print

Нацулиду: Македонскиот јазик загрозен во Грција


Евгенија Нацулиду, активистка за правата на Македонците во Грција и тамошен претставник на Обединетата македонска дијаспора, ја претставила тешката положба на Македонците и грчките обиди за бришење на македонскиот јазик на семинар на Мрежата за промовирање на јазична разновидност во Даблин. „Македонскиот јазик е речиси изумрен меѓу помладите генерации.
Постарите генерации кои обично говорат на македонски со семејствата, роднините и пријателите, обично избегнуват да говорат на македонски во јавност“, изјавила Нацулиду пред учесниците на семинарот кој се, информираат од Обединетата македонска дијаспора.
Нацулиду предупредила дека Грција не дозволува употреба на македонскиот јазик во официјални цели.
XS
SM
MD
LG