Достапни линкови

logo-print

Ердоган го меша Балканскиот котел


Премиерите на Турција и на Косово Реџеп Таип Ердоган и Хашим Тачи на аеродромот во Приштина, 23.10.2013.

Премиерите на Турција и на Косово Реџеп Таип Ердоган и Хашим Тачи на аеродромот во Приштина, 23.10.2013.

Под овој наслов турскиот дневник „Хуриет“ објави коментар за минатонеделната посета на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на Косово и неговата изјава дека „Косово е Турција и Турција е Косово“. Тоа, според весникот, може да доведе до губење пријатели на Балканот.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган кога дојде на власт стави јасно до знаење дека не сака дипломатија или дипломати.
Скандалот што го направи турскиот премиер во Призрен е флагрантно и брутално нарушување на добрите и пријателски односи.

Дипломатски или не, тој сака да зборува отворено и неговите поддржувачи го сакаат тоа кај него. Проблемот е во тоа што дипломатијата го врти светот.

Обраќајќи се минатата недела во Призрен, Ердоган рече:

„Да не заборавиме дека Косово е Турција и Турција е Косово“, со гест од четири прста, таканаречената „Рабија“, која стана симбол на протестите во Египет предводени од Муслиманското братство.

На таков начин, се наведува во коментарот на „Хуриет“, тој се обиде да фати не само националистички, туку и исламистички акорд. А тоа е опасно да се прави на Балканот.

Секако, косоварите беа среќни со она што го слушнаа, но ердогановите оценки одекнаа во Белград, но и подалеку.
Му реков на мојот драг пријател дека и кога доаѓаме во Белград ние исто така го нарекуваме наш втор дом.

Косовското прашање е многу чувствително, не само за Балканот, туку и за Европската унија каде што не сите членки имаат ист став за косовската независност.

Реакцијата на српскиот претседател Томислав Николиќ беше брза и остра:

„Скандалот што го направи турскиот премиер во Призрен е флагрантно и брутално нарушување на добрите и пријателски односи“, реагира Николиќ.

Реакција дојде и од Австрија, која исто така има интереси на Балканот. Лидерот на крајно десничарската Партија на слободата, Хајнц Кристијан Страхе, му порача на Ердоган дека „неоотоманските шеми“ нема да му успеат.

Реакцијата на расистички лидер од Европа, како што пишува Хуриет, нема голема важност за Турција. Но, тоа не е случај и со реакцијата од Белград.

Во обид да ги смири страстите, шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу изјави дека зборовите на Ердоган биле извадени од контекст и оти погрешно биле интерпретирани од националистички кругови во Белград. Додавајќи дека телефонски разговарал со неговиот српски колега Иван Мркиќ, Давутоглу рече:

„Му реков на мојот драг пријател дека и кога доаѓаме во Белград ние исто така го нарекуваме наш втор дом“, рече тој.

Според Давутоглу, Турција и Србија ќе ги продолжат добрите односи и покрај различните ставови околу Косово.

Но, колку овие зборови можат да бидат прифатени како извинување од Белград, се прашува „Хурет“ заклучувајќи:

„Ако не се случи тоа, тогаш оценките на Ердоган би биле вовед во губењето пријатели на Балканот во време кога на Анкара и останаа малку режими на Блискиот Исток за кои може да се каже дека навистина и се пријателски расположени“, анализира Хуриет.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG