Достапни линкови

Отпуштања на функционери во Русија поради сомнителни приходи


Сергеј Иванов, шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин.

Сергеј Иванов, шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин.

Осум високи руски официјални претставници, вклучително и двајца високи членови на војската, се отпуштени од работа по направената проверка на нивните приходи. Сергеј Иванов, шеф на кабинетот на претседателот Владимир Путин, изјави дека 1,5 милиони официјални лица доставиле извештај за нивните приходи оваа година, а 200 луѓе ги загубиле своите работни места по истрагите. Тој вели дека проверките ќе продолжат и дека нема да има недопирливи. Оваа година за првпат беше побарано од официјалните лица да ги објават и своите трошоци, ако трошат повеќе од нивниот тригодишен приход за една година. Иванов изјави дека 14.400 официјални претставници поднеле таков извештај, а во 20 случаи има простор за сомнеж.
XS
SM
MD
LG