Достапни линкови

logo-print

Нов напад со беспилотно летало во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Американско беспилотно летало нападна комплекс на милитантите во северозападен Пакистан во близина на границата со Авганистан. Радио Машаал јавува дека во нападот во близина на градот Мираншах загинале тројца осомничени бунтовници. Минатата недела, пакистанскиот премиер Наваз Шариф побара од претседателот Барак Обама да престанат ваквите напади. Пакистанското Министерство за одбрана вчера објави дека од 2008 година имало 317 напади со беспилотни летала во кои биле убиени 2160 исламистички милитанти и 67 цивили. Претходните владини пресметки и проценки на независни организации беа дека во напади со беспилотни летала во Пакистан има околу 300 цивилни жртви. Еден пакистански наставник и две деца се првите преживеани од напад со беспилотно летало што во вторникот сведочеа во американскиот Конгрес.
XS
SM
MD
LG