Достапни линкови

Ирачкиот премиер во посета на САД


Ирачкиот премиер Нури ал-Малики за време на посетата на Вашингтон се сретнал со група американски пратеници. Ова е негова прва посета на Вашингтон во последните две години. Тој од САД бара воена помош за да може неговата земја да се справи со порастот на насилството, кое делумно се должи на зголемувањето на меѓуверските тензии и граѓанската војна која беснее преку границата во Сирија. Обединетите нации проценуваат дека повеќе од 7.000 цивили се убиени во Ирак оваа година. По средбата со Малики во средата, сенаторот Џон Мекејн, изјави дека ситуацијата во Ирак „се влошува“. Мекејн е еден од шесте сенатори кои испратија писмо до претседателот Барак Обама во вторникот, обвинувајќи ја владата на Малики за зголемувањето на насилството во Ирак.
XS
SM
MD
LG