Достапни линкови

Четворица загинати во бомбашки напад во Балучистан


Четири луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени во експлозија на бомба во провинцијата Балучистан во југозападен Пакистан. Медиумите јавуваат дека бомбата била поставена на велосипед на еден паркинг во главниот град на провинцијата, Квета. Неколку возила се оштетени. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Балучистанските сепаратисти се борат за независност и поголем дел од профитот од нафтата, гасот и минералите со кои е богата оваа провинција. Исто така, таму има и меѓуверски насилства меѓу сунитското мнозинство и шиитите.
XS
SM
MD
LG