Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите против Белорусија


Европската унија ги продолжи санкциите против Белорусија за уште една година. Во своето образложение Унијата оценува дека продолжува затворањето политички затвореници, како и кршењето на човековите права и оти во земјата нема демократски и судски реформи. Санкциите всушност значат забрана за патување и замрзнување на средтвата на над 230 влијателни личности во Белорусија. Во истовреме, Брисел ја повтори посветеноста за ангажирање со таа земја во промоцијата на човековите права и демократијата.
XS
SM
MD
LG