Достапни линкови

logo-print

Во бомбашки напади во Ирак, околу 20 загинати


Во два денешни бомбашки напади во Ирак загинале најмалку 20 луѓе, соопшти ирачката полиција. Првиот напад се случил во Багдад кога двајца бомбаши самоубијци активирале експлозив пред куќата на еден шиитски воен лидер. Вториот напад се случил во Мосул од самоубиец кој со автомобил бомба удрил во еден полициски контролен пункт. Во Ирак годинава во слични напади загинале над 7 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG