Достапни линкови

За ЕУ има селективна правда, за власта нема


Известувач на ЕП за Македонија, Ричард Ховит и евроамбасадорот Аиво Орав.

Известувач на ЕП за Македонија, Ричард Ховит и евроамбасадорот Аиво Орав.

ЕУ во неколку наврати нотираше дека во Македонија постои проблемот со селективна правда, властите во земјата негираат такво нешто.

Проблемот со селективна правда Европската унија конкретно го посочува во неколку наврати изминативе две недели. Загриженоста за нерешавањето на проблемот, Унијата ја искажа преку евроамбасадорот Аиво Орав кој во својот говор по предавањето на извештајот на Европската Комисија наведе искази на судии за пресуди кои не се во согласност со европската пракса.
Прашањето за слободата на медиумите е на високо ниво на загриженост во Европската унија. Случајот со Кежаровски подига прашања како што е селективната правда.

Потоа и известувачот на Европскиот Парламент Ричард Ховит пред Националниот совет за евроинтеграции упати забелешка дека случајот со затварањето на новинарот Томислав Кежаровски иницира прашања за селективност во правдата.

„Прашањето за слободата на медиумите е на високо ниво на загриженост во Европската унија. Случајот со Кежаровски подига прашања како што е селективната правда. Доаѓаат многу критики, не само од Македонија, туку и од меѓународни организации, и тоа во Брисел создава впечаток дека токму овој случај е пример за селективно делење правда.“

Во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија е наведено дека во однос на независноста на судството
Пред судовите сите граѓани се во еднаква положба и не може да бидат привилегирани ниту министри ниту носители на функции, бидејќи се суди според законот и не може да има селективен пристап.
има тврдења за селективна правда, индиректен политички притисок, судски одлуки кои се невообичаено забрзани во однос на исходот како и судски одлуки кои што некогаш имаат директни последици врз кариерата на засегнатите судии особено во значајни или политички чувствителни случаи.

Но, министерот за правда Блерим Беџети неодамна во интервју за Радио Слободна Европа ги негираше тврдењата за селективното постапување на судиите.

„Пред судовите сите граѓани се во еднаква положба и не може да бидат привилегирани ниту министри ниту носители на функции, бидејќи се суди според законот и не може да има селективен пристап.“

Поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски смета дека власта влијае индиректно врз судовите.

„Се постави така да судството не може ни да се спротивстави во кој било поглед, дали е тоа во сферата на индивидуалните права, дали е во правораздавањето во поглед на правата, обврските на субјектите, на пазарот, не губи тука само судството, тука фактички губи државата.“

Од друга страна пак на мета за селективно делување во извештајот е и Антикорупциската комисија. Во него е наведено дека корупцијата и натаму преставува сериозен проблем, затоа што премногу обвиненија не стигнуваат до фазата на судска одлука и казнување, а казните кои имаат цел да ја спречат корупцијата не се користат со целосен разубедувачки ефект.

„Општиот капацитет на судовите и органите за спроведувањее на законот да се справат со случаите на корупција, особено случаите на високо ниво, мора да се подобри и мора да се одговори на загриженоста за селективна правда“, е наведено во извештајот.

Претседателот на Антикорпуциската комисија Ѓорѓи Сламков во неодамнешното интервју за Радио Слободна Европа тврдеше дека обвинувањата за селективност се неточни.

„Нас не нè интересира името и презимето на лицето, туку нè интересира функцијата што ја врши, јавните овластувања што ги врши и дали тие се пречекорени, односно дали се злоупотребени за лични цели или се согласно законот. За овие шест месеци колку што сум во Комисијата, како член и како нејзин претседател, можат да кажам дека таквите обвинувања се апсолутно неточни. За секој граѓанин ние имаме еднаков пристап согласно законските норми.“

Во извештајот е наведен интересен податок за Управата за финансиско разузнавање каде што се тврди дека во текот на изминатата година испратиле 36 известување кои се однесуваат на перење пари и финансирање на тероризам до институциите за спроведување на законот, но сепак годината завршила со само две нови обвиненија и четири пресуди.

Спроведувањето на антикорупциската политика беше во најголем дел невидливо за јавноста се заклучува во извештајот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG