Достапни линкови

Одбојкарите сонуваат за ЕП и чекаат селектор


Македонската одбојкарска репрезентација.

Македонската одбојкарска репрезентација.

Заложба на сите одбојкарски работници е сениорската репрезентација на Македонија да се појави на една завршница на ЕП, но сега е најзначајно да се назначи нов селектор на националниот тим.

Во македонската одбојкарска федерација е присутно задоволство од минатонеделната жребка за претквалификациите за машкото ЕП во 2015-та година (во Бугарија и во Италија). Први противници во таа кампања ќе ни бидат селекциите на Шведска, Азербејџан и на Грузија, со кои ќе ги одмериме силите на турнир што од 9-ти до 11-ти мај наредната година ќе се одржи во Скопје.
И да тргнеме во напад на она што е заложба на сите одбојкарски работници, тоа е да сениорската репрезентација на Македонија се појави на една завршница на ЕП.

Општо е мислењето дека тоа се ривали против кои, особено на домашен терен, не би требало да имаме посериозен проблем за освојување на првото место во групата, а со тоа и за влез во втората квалификациска рунда (два турнира, од 22-ри до 24-ти мај и од 29-ти мај до 1-ви јуни 2014-та година), преку која ќе се обидеме да стигнеме и до последниот филтер, односно баражот за Еуро.
Зоран Карановиќ, генерален секретар на македонската одбојкарска федерација.

Зоран Карановиќ, генерален секретар на македонската одбојкарска федерација.


„За прва фаза сум задоволен, од проста причина што ја добивме организацијата за еден ваков турнир. Шанса ќе биде да на домашен терен ја претставиме репрезентацијата во наредниот циклус на квалификации. После тоа доколку поминеме, а искрено се надевам дека ќе поминеме како први во групата, се приклучуваме во наредна фаза во група каде што се репрезентациите на Полска, на Словенија и на Летонија. И да тргнеме во напад на она што е заложба на сите одбојкарски
Oстанува овие денови да се седне, со трезвени глави да се размисли, да се нафрлат имињата и да се стапи во контакт со луѓето кои евентуално би биле во опција да ја водат селекцијата на Македонија.
работници, тоа е да сениорската репрезентација на Македонија се појави на една завршница на ЕП“, изјави генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

Колку е ова реално ќе дознаеме наредната година, а во овој момент најзначајно е час поскоро да се назначи нов селектор на националниот тим. Таа позиција е празна од минатата недела, откако се уште актуелниот кормилар, Николај Жељасков не доби дозвола од неговиот клуб, рускиот Јарославич, да го води нашиот национален тим на турнирот од 3-ти до 5-ти јануари во Ниш, каде што заедно со репрезентациите на Србија, Словенија и на Португалија, ќе се бориме за пласман на СП во Полска (во септември 2014-та година). Планот за подготовки за тој турнир, ќе зависи токму од новиот селектор, до чие назначување ќе остане отворено прашањето дали ќе биде ангажиран тренер на подолг рок или ќе се најде привремено решение.

„Ние искрено би сакале да ја продолжиме соработката со Николај Жељасков, од проста причина што имаме позитивно искуство и прв пик на драфтот е да тој остане за наредната сезона. Е сега ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредните денови. Дали ќе се најде некое преодно решение, само за една акција што е многу неблагодарно или пак ќе се оди на некое ново трајно решение. Во секој случај тоа се некои уште размислувања, но останува овие денови да се седне, со трезвени глави да се размисли, да се нафрлат имињата и да се стапи во контакт со луѓето кои евентуално би биле во опција да ја водат селекцијата на Македонија“, додаде Карановиќ.
XS
SM
MD
LG