Достапни линкови

Турција во преговори со Јапонија за атомска централа


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Јапонија и Турција потпишаа договор за почеток на преговори за изградба на атомска централа во градот Синоп. Договорот беше склучен синоќа по разговорите меѓу премиерите на двете држави Реџеп Таип Ердоган и Шинѕо Абе. Ердоган потсети дека првиот договор на Турција за изградба на атомска централа во градот Мерсин е потпишан со Русија. Турските медиуми јавуваат дека централата во Синоп ќе ја градат концернот Мицубиши во соработка со француската Арева.
XS
SM
MD
LG