Достапни линкови

Собранието ќе распише оглас за претседател на ДИК


Собранието на Македонија денеска треба да ја одржи 75. седница на чиј дневен ред e предлог одлуката за распишување оглас за избор на претседател на Државната изборна комисија. Огласот ќе трае осум дена, а новиот претседател на ДИК се очекува официјално да биде познат по изменување на роковите. Предлогот за прв човек на највисокото изборно тело треба да дојде од најголемата опозициска партија односно СДСМ. Од таму велат дека консултациите се во тек.
XS
SM
MD
LG