Достапни линкови

СЗО - се шири детска парализа во Сирија


Светската здравствена организација вчера потврди дека меѓу малите деца во североисточна Сирија се шири детска парализа. СЗО соопшти дека детската парализа претставува закана за милиони деца на Блискиот Исток, особено во Либан и во Јордан каде што има голем број бегалци од сиријскиот конфликт. Извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк соопшти дека заедно со СЗО планираат вакцинација на 2,4 милиони деца во Сирија. Тој вели дека веќе ги почнале разговорите со високи сириски претставници за да им обезбедат пристап во воените зони, но оти не се почнати разговорите со бунтовниците. Детската парализа е предизвикана од вирус кој се пренесува преку нечиста храна и вода.
XS
SM
MD
LG