Достапни линкови

Еквадор се уште може да му даде азил на Сноуден


Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.

Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.

Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа изјави дека неговата земја се уште може да му даде политички азил на поранешниот соработник на американските разузнавачки служби, Едвард Сноуден.

„Ако во кој било момент господинот Сноуден се најде на еквадорска територија или влезе во некоја наша дипломатска мисија во која било држава и побара политички азил, ние ќе го прифатиме неговото барање, ќе ги разгледаме сите судски и правни аспекти и ќе донесеме одлука“, рече вчера Кореа за време на неговата посета на Русија.

Еквадор претходно му даде засолниште на основачот на Викиликс Џулијан Асанж.
XS
SM
MD
LG