Достапни линкови

logo-print

Израел ослободи 26 палестински затвореници


Палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Израел ослободи 26 палестински затвореници како дел од договорот за обновување на долго време блокираниот блискоисточен мировен процес. На Западниот Брег и во Газа имаше прослави и свечен пречек на ослободените затвореници, од кои дел поминале и по повеќе од 20 години во затвор. Палестинскиот претседател Махмуд Абас говорејќи на церемонијата за добредојде во Рамалах, рече дека Палестинците ќе го отфрлат секој обид од израелска страна да се „тргува “ со затвореници во замена за градба на нови еврејски населби. Договорот за ослободување на затвореници наиде на остри реакции во Израел, каде ослободените се гледаат како терористи кои извршиле злосторства врз Израелци. Илјадници Палестинци се затворени во израелските затвори од израелската окупација на Западниот Брег, Газа и Источен Ерусалим во 1967 година. Опсегот на обвинувања на затворените се движи од фрлање со камења до убивање цивили во бомбашки напади, престрелки и други напади.
XS
SM
MD
LG