Достапни линкови

logo-print

ОН го осуди американското ембарго против Куба


Генералното собрание на ОН со големо мнозинство го осуди американското ембарго против Куба, 22-ра година по ред. Симболичното гласање заврши со 188 земји кои гласаа за осуда, 2 против и 3 воздржани. Против гласаа само САД и Куба. Воздржани беа Микронезија, Маршалските Острови и Палау. Резолуциите на ОН не се обврзувачки. Трговското, економско и финансиско ембарго беше воведено во 1960 година, откако Куба го национализираше имотот во сопственост на американски државјани и корпорации. Санкциите беа зајакнати во 1962 година до речиси тотално ембарго. Сепак, САД минатата година го олесни издавањето визи за кубански државјани. Кубанската влада исто така го олесни патувањето за сопствените граѓани.
XS
SM
MD
LG