Достапни линкови

Се запалил автобус во Индија, 40 жртви


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 40 луѓе загинале во автобуска несреќа во јужниот дел на Индија, соопштија тамошните власти. Полицијата соопшти дека автобусот се запалил откако удрил во бариера рано во средата. Според полициски извори возачот на автобусот се обидувал да помине друго возило по што удрил во пречка. Полицијата соопшти дека многу од жртвите, меѓу кои имало и деца, биле запалени. Индија е на прво место во светот по жртви од сообраќајни несреќи, според податоците на Светската здравствена организација. Полицијата соопштува дека годишно повеќе од 110 илјади луѓе гинат во сообраќајни несреќи во Индија.
XS
SM
MD
LG