Достапни линкови

Нов притисок на Москва врз Киев за гасот



Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Русија ќе бара од Украина да плаќа однапред за гасот што ќе и биде испорачан доколку Киев не ги исплати долговите за досегашната испорака. Денешната изјава на Медведев доаѓа откако директорот на Газпром, Алексеј Милер, соопшти дека Украина сеуште должи 882 милиони долари за испораката на гас во август. На рускиот притисок врз Киев се гледа и како на уште еден обид за блокирање на намерите на Украина за доближување до Европската Унија.
XS
SM
MD
LG