Достапни линкови

Затворот во Скопје пренатрупан со притворени


Народниот правобранител при вчерашната посета на новинарот Томислав Кежаровски во затворот Скопје констатирал голема пренатрупаност во притворското одделение и дека не се исполнети минимум стандардите, поради што издале препораки и сугестии.
Не e случаен апелот до органите кои определуваат мерка притвор доколу сметаат дека нема потреба или може со поинаква мерка да го обезбедат присуството на обвинетите во текот на постапката да не изрекуваат таква мерка, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети.
Мемети рече дека вчера имал средба и со сопругата на Кежаровски и дека за лични работи во врска со Кежаровски може да го информира семејството и претставниците на Здружението на новинарите.
XS
SM
MD
LG