Достапни линкови

logo-print

Косово и ЕУ ги почнаа преговорите


Косово и Европската унија го одржаа првиот состанок во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во Приштина се оценува дека станува збор за тежок, но сигурен пат до интеграцијата на најмладата европската држава во Европската унија и во НАТО.

Косовскиот премиер Хашим Тачи оцени дека Косово со почетокот на преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација го започна својот сигурен пат кон Европската унија, по што ќе уследи и интеграција во НАТО.

„Ова е историски ден, затоа што почнува еден нов процес на интеграција на нашата земја, процес кој еднаш се случува во историјата на секоја држава, така и на државата Косово“, изјави Тачи, кој додаде дека тоа е заслуга на сите граѓани, институции и политички партии на Косово.

Главниот косовски преговарач со Унијата, министерката за евроинтеграции Влора Читаку изјави дека има уште многу да се направи до потпишувањето на Спогодбата:

„Ова ќе биде долг пат и динамиката на процесот ќе зависи од нашите способности во спроведувањето на потребните реформи. Тоа лесно се постигнува доколку имаме консензус“, оцени Читаку.

Според очекувањата преговорите околу Спогодбата за стабилизација и асоцијација би требало да завршат на пролет догодина, а потпишувањето се очекува во текот на идното лето.
Процесот за членство на Косово може да се разликува од оние кај другите земји. Не само поради внатрешните карактеристики на Косово, туку и поради фактот што Унијата научи многу лекции на примерите за зачленување на последните неколку држави.

Покренувањето на преговорите во Приштина се оценува како позитивен чекор на долгиот пат. Имено, Косово како најмлада држава во Европа треба да спроведе многу внатрешни реформи, а посебно е неопходно да напредува во сузбивањето на корупцијата и во борбата против организираниот криминал.

Дрен Доли од Групата за правни и политички студии смета дека постојат многу предизвици не само во развојот на демократијата во земјата.

„Процесот за членство на Косово може да се разликува од оние кај другите земји. Не само поради внатрешните карактеристики на Косово, туку и поради фактот што Унијата научи многу лекции на примерите за зачленување на последните неколку држави. Сите тие предизвици се одразија и при одредувањето кретириуми за другите земји“, вели Доли.

Според германскиот амбасадор на Косово Петер Бломајер, Приштина исто така би требало да ги убеди петте членки на Европската унија кои се уште ја немаат признато косовската независност дека заслужува интеграција во Унијата. Секако, како на голем предизвик се гледа и прашањето со нерешните односи со Србија.

Главниот и одговорен уредник на Коха Диторе Агрон Бајрами смета дека проблем може да биде и тоа што Европската унија сега има 28 членки чии национални ставови треба да ги инкорпорира во зеднички европски став.

„Предупредуваме дека овој процес ќе биде долг и со последици, бидејќи и ние не сме подготвени за приближување до Унијата, а ни Унијата не е тоа што беше пред 10 години кога можеше да прими нови членки и кога имаше голема политичка волја за проширување“, вели Бајрами.

Преговорите за Спогодбата ќе се водат во четири области: политика, трговија, усогласување на законодавството и соработка.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG