Достапни линкови

Кери со повик до Иран и Северна Кореја за нуклеарното оружје


Американскиот државен секретар Џон Кери ги повика Иран и Северна Кореја целосно да ги почитуваат меѓународните норми за неширење на нуклеарното оружје. Во говорот во Институтот за мир во Вашингтон, Кери нагласи дека будно ќе бидат следени постапките на Иран, чии акции мора да бидат вистински и проверливи. Преговарачите од големите сили и Иран ќе разговараат за иранската нуклеарна програма на 7-ми и 8-ми наредниот месец во Женева.
XS
SM
MD
LG