Достапни линкови

Обама го смирува Нетанјаху за иранската нуклеарна програма


Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со нуклеарната програма на Иран, израелско-палестинските мировни преговори и други прашања поврзани со Блискиот Исток. До разговорот доаѓа во време кога САД се обидува да ја ублажи израелската загриженост за дипломатски гестови од Иран. Иран бара олеснување на меѓународните санкции во замена за отстапки во однос на неговата нуклеарна програма, но Израел го притиска Обама да ги задржи санкциите.
Во меѓувреме, Нетанјаху се соочува со отпор дома поради плановите за ослободување на палестински затвореници како дел од договорот со кој се рестартираат блокираните мировни преговори со Палестинците. Државниот секретар Џон Кери и Соединетите Држави беа посредници во тој договор.
XS
SM
MD
LG