Достапни линкови

Комисијата за разузнавање најави ревизија на програмите за надзор


Шефот на комисијата за разузнавање на американскиот сенат, Даен Фајнстајн изјави дека жестоко се противи на американското шпиунирање на водачите на земјите сојузнички на Соединетите Држави од страна на Националната агенција за безбедност. Соопштението на Фајнстајн следува по извештаите дека бил прислушуван мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел но и разговорите на други странски лидери. Фајнстајн ги бранеше некои од програмите кои протекоа во медиумите од страна на поранешниоот разузнавач Едвард Сноуден, тврдејќи тогаш дека тие играат важна улога во борбата против глобалниот тероризам. Сепак демократката од Калифорнија , изјави дека надзорот на странските лидери е сосема поинаква работа. Таа изјави дека Белата куќа ја уверила дека таквите колекции на информации за сојузниците нема да продолжат. Таа најави дека комисијата за разузнавање на Сенатот ќе изврши ревизија на сите досегашни програми за собирање информации.
XS
SM
MD
LG