Достапни линкови

Кина истражува кој стои зад несреќата на централниот плоштад


Кина ја истражува можната поврзаност на вчерашната несреќа со провинцијата Ксинџијанг откако пет лица загинаа, а десетици други се повредени кога автомобил удри во пешаци на плоштадот Тијананмен. Кинеските медиуми објавија дека полицијата во Пекинг побарала од локалните хотели да помогнат во потрагата за двајца осомничени и четирите автомобили со регистарските таблички од Ксинџијанг, муслиманска провинција во далечниот западен дел на Кина. Полицијата соопшти дека автомобилот излетал од патот во северниот дел на плоштадот, кој претставува голема туристичка атракција , пришто ги преминал бариерите и се запалил речиси директно пред главниот влез на Забранетиот град, пред огромениот портрет на основачот на комунистичка Кина, Мао Це Тунг. Од ударот загинале трите лица во автомобилот загинале, но и двајца туристи.
XS
SM
MD
LG