Достапни линкови

logo-print

Косово и ЕУ почнаа преговори за Договор за стабилизација и асоцијација


Хашим Тачи

Хашим Тачи

Косово и Европската унија ги почнаа преговорите за склучување Договор за стабилизација и асоцијација, а во исто време еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја откажал предвидената посета на Приштина поради предизборната кампања, јавуваат медиумите.
Косовскиот премиер Хашим Тачи во врска со почетокот на преговорите за Договорот изјави дека тоа е историски ден и оти со него се отвара нова страница за Косово, а косовската претседателка Атифете Јахјага го поздрави почетокот на преговорите за Договоротза стабилизација и асоцијација, оценувајќи дека тоа е „важен чекор за приближување на Косово кон ЕУ“.
Приштинскиот весник „Експрес“ повикувајќи се на извори во ЕУ наведува дека Филе ја откажал посетата со цел да се избегне таа да биде протолкувана како вклучување во предизборната кампања.
XS
SM
MD
LG