Достапни линкови

Во Романија почна изградбата на анти-ракетниот штит


Во Романија денеска започнаа работите за поставување на пресретнувачите на ракети, кои се дел од планираниот анти-ракетен штит на НАТО. На церемонијата во јужна Романија, на која присуствуваше и романскиот претседател Трајан Басеску, како и гости од странство, заменик генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу оцени дека станува збор за историски момент. Целиот анти-ракетен штит се состои од вакви престретнувачи на ракети и моќни радари, кои ќе бидат разместени во неколку земји во источна Европа и во Турција.
XS
SM
MD
LG