Достапни линкови

Пратеникот на Арапската Лига во мировна мисија во Сирија


Специјалниот пратеник на Арапаската лига, Лахдар Брахими пристигна денеска во Дамаск за да бара подршка за мировната конференција за окончување на граѓанската војна во Сирија. Брахими претходно беше и во посета на Иран. Вчера, 19 исламистички групи кои се борат против режимот на Башар Ал Асад лиферуваа соопштение во кое одбиваат учество на мировна конференција, оценувајки дека преговори со сиријскиот режим би биле предавство кое треба да се казни. На ова соопштение денеска реагираше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој истакна дека таквите групи се екстремистички и терористички организации.
XS
SM
MD
LG