Достапни линкови

(Не)успешна туристичка сезона во Охрид


Според Хотелската асоцијација на Македонија, туристичката сезона во Охрид завршила послабо од лани, но локалните власти тврдат дека има зголемување на бројот на туристи.

Посетеноста на охридското крајбрежје оваа туристичка сезона беше таква каква што и најавувавме, помала во однос на минатата година, рече Дончо Таневски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија ХОТАМ. Според него, и бројот на холандски гости оваа година во однос на минатата сезона бил помал.
Бројот на летови е помал, бројот на чартери е помал, а со тоа и бројот на гости е помал.
Дончо Таневски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија ХОТАМ.

„Бројот на летови е помал, бројот на чартери е помал, а со тоа и бројот на гости е помал“, вели Таневски.

РСЕ: За колку беше помал бројот на холандски туристи?

„Немаме моментално точни податоци, но од она што го имаме како информација, некаде за околу 5000-6000 гости за период од 5-6 месеци, што ќе речеме 1000 гости помалку месечно имавме оваа година од БЕНЕЛУКС. Ниедна бројка не е за потценување, бидејќи и 100 гости да се помалку, нешто не чинело, нешто не штимало“, рече Таневски.
На овој начин се демантираат шпекулациите и претпоставките како е реализирана туристичката сезона во Охрид во изминатиот период од 9 месеци и да ставиме крај на сите тие шпекулации со факти и аргументи кои произлегуваат од релевантните институции на централно и локално ниво.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Но, градските власти во Охрид го тврдат спротивното. Според нивните бројки, туристичката сезона која помина била подобра во однос на минатата година. Според податоците на општината, бројот на ноќевања од јануари до август оваа година, во однос на истиот период лани, бил зголемен за 2,8 отсто. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека сезоната можела да помине и подобро ако не било лошото време во текот на месец јули.

„На овој начин се демантираат шпекулациите и претпоставките како е реализирана туристичката сезона во Охрид во изминатиот период од 9 месеци и да ставиме крај на сите тие шпекулации со факти и аргументи кои произлегуваат од релевантните институции на централно и локално ниво. Временските услови до крајот на месец јули беа непогодни за престој на домашни и странски туристи. Податоците кои ние ги имаме добиено како статистичка обработка, говорат за доволна доза на оптимизам“, рече Бакрачески.

Од општината се пофалија дека наплатата на туристичката такса за привремен престој за 2013 година до овој период била поголема за 15,6 отсто во однос на истиот период минатата година. Во 2013 година досега се реализирани 136.725 ноќевања од домашни гости и 208.301 ноќевање од странски гости, што значи дека има намалување кај домашните ноќевања за 12,2 отсто додека зголемување кај ноќевањата од странски туристи за 15,9 отсто.

Бакрачески вели дека уште од сега работеле на изработка на поагресивна програма, особено во промотивниот дел за Охрид за наредната година.
XS
SM
MD
LG