Достапни линкови

logo-print

Ристовски: ХЕРА не доби подршка за сексуално образование


Иницијативата на НВО ХЕРА за воведување сексуално сеопфатно образование во образовниот процес нема поддршка од граѓаните, оцени денеска ресорниот министер Спиро Ристовски.
Тоа, според него, се покажува со собирањето на само 2.801 потпис на иницијативата на ХЕРА за зголемување на степенот на сексуално образование во училиштата што, како што вели, е само еден отсто од вкупниот број на родители и ученици.
Според министерот, во Прирачникот за животни вештини изработен од МОН во соработка со УНИЦЕФ, се содржани доволно елементи кои се однесуваат на сексуалното образование на младите, процесот на репродукција и создавањето на семјество, рече Ристовски.
XS
SM
MD
LG