Достапни линкови

Косовската Влада против гасовод од Ниш до Приштина


Владата на Косово е против идејата на Белград за изградба на гасовод од Ниш до Приштина, објави денеска „Коха диторе“.
Ниту Србија, ниту некој друг може да ни кажува на кој гасовод да се приклучиме, изјави косовскиот министер за економски развој Фадил Исмаили.
Весникот наведува дека Исмаили наредил да се направи истражување за тоа на кој гасовод е најдобро да приклучи Косово, додавајќи оти најверојатно тоа ќе биде гасоводот што минува низ Албанија.
XS
SM
MD
LG