Достапни линкови

logo-print

Ховит ќе скенира евроинтеграции и медиуми


Архивска фотографија - Известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит во македонското собрание.

Архивска фотографија - Известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит во македонското собрание.

Се очекува Ховит да испрати порака до сите политички фактори во земјава да се посветат на процесот на евроинтеграции.

Во рамките на тридневната посета на Скопје, најавено е дека известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, Ричард Ховит ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, а ќе присуствува и на седниците на Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции.

На двете седници ќе биде презентиран и ќе се дискутира околу извештајот на ЕК за земјава, како и за очекувањата од декемврискиот Европски совет кој ќе треба да одлучува околу препораката за почнување преговори со Македонија. Се очекува Ховит да испрати порака до сите политички фактори во земјава да се посветат на процесот на евроинтеграции.
Предупредувам дека доколу поранешната југословенска Република Македонија, земјата која има најдолг кандидатски статус, биде повторно отфрлена, тогаш ќе има последици во земјата и тоа мора да го разбере Брисел.

Во интервју за Радио Слободна Европа, неодамна, тој предупреди на можните ризици доколку Македонија во декември не добие датум за отпочнување преговори со Унијата.

„Има ризик ако земјата и натаму биде отфрлена. Јас предупредувам дека доколу поранешната југословенска Република Македонија, земјата која има најдолг кандидатски статус, биде повторно отфрлена, тогаш ќе има последици внатре во земјата и тоа мора да го разбере Брисел. Но, исто така ќе кажам дека има планина која треба да се искачи и многу земји членки на ЕУ треба да бидат убедени. Не ми е сè уште јасно дали може да добиеме позитивна одлука во декември и затоа секој напор мора да биде направен во самата земја за да се демонстрира напредок и политичка волја“, рече Ховит.

Тој претходно најави и дека неговата посета е дел од подготовките за Предлог резолуцијата за Македонија како и да види како се спроведува Меморандумот за евроатлантските интеграции што го потпишаа политичките партии.

Во текот на посетата најавено е и дека британскиот евро-пратеник ќе се интересираа и околу слободата на изразување околу што ќе разговара со владини претставници и претставници на новинарски здруженија.
Од ЗНМ ја потврдија средбата на која ќе се знае како ќе се презентираат проблемите со кои се соочуваат новинарите во земјава по координацијата која ќе ја одржи здружението.

Во врска со повторно одложениот состанок на Мешовитиот комитет меѓу ЕУ и Македонија минатата недела Ховит даде појаснување дека не станува збор за тоа дека ЕП го губи интересот за Македонија туку дека станува збор за настојување да се обезбеди присуство на што поголем број претставници од ЕП.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG