Достапни линкови

Народниот правобранител ќе го посети Кежаровски


Народниот правобранител Иџет Мемети утре ќе го посети новинарот Томислав Кежаровски, осуден на затворска казна во времетраење од четири и пол години поради објавување на идентитет на заштитен сведок. Правобранителот го прифатил барањето на Здружението на новинари и се очекува утре да го посети Кежаровски во неговата затворска келија, јавуваат македонските медиуми. Кежаровски е единствениот новинар во Југоисточна Европa кој отслужува затворска казна поради објавен новинарски текст.
XS
SM
MD
LG