Достапни линкови

Српскиот вицепремиер планира посета на Косово


Првиот вицепремиер во српската влада Александар Вучиќ планира на 31 октомври да го посети Косово, три дена пред косовските локални избори, соопшти белградскиот весник „Вечерње новости“. Вучиќ ќе инсистира да го посети Косово заедно со министерот без портфолио Александар Вулин, против кого приштинските власти издадоа наредба за апсење. Српскиот вицепремиер и лидер на Српската напредна партија, планира да обиколи неколку српски енклави во Косово и да ги повика своите сонародници да гласаат на локалните избори на 3 ноември и таму, каде тоа е можно, да формираат свои институции.
XS
SM
MD
LG