Достапни линкови

Тесна победа на Социјал демократите во Чешка


Социјалдемократската партија, ЧССД победи на вонредните парламентарни избори во Чешка, но како и пред три години не освои апсолутно мнозинство.
Веднаш зад најголемата левичарска партија, која според преброените над 99 проценти од гласачките ливчиња, освои 20,46 проценти од гласовите, односно 52 пратеници, се наоѓа движењето АНО - 2011, за кого гласале 18,66 посто од граѓаните.
Предвремените избори се организираат по колапсот на владата во јуни поради непопуларните мерки за штедење и корупциски скандал. Предизборните анкети предвидуваат дека мнозинството гласови ќе ги добие Социјадемократската партија на чело со Бохуслав Соботка.
XS
SM
MD
LG