Достапни линкови

Обесени 16 затвореници по вчерашниот инцидент во Иран


Иранските власти обесија 16 затвореници по нападот во кој загинаа 14 граничари и петмина беа повредени во близина на границата со Пакистан. Јавниот обвинител во провинцијата Систан Балучистан Мохамед Марицех потврди дека 16 бунтовници биле обесени поради нападот доцна вчеравечер. Се очекува истрагата да утврди дали вооружените напаѓачи биле припадници на шверцерска група или противници на власта во Исламската република.
XS
SM
MD
LG