Достапни линкови

Нимиц не знае како понатаму?


Неизвесни се следните чекори на медијаторот Метју Нимиц по завршувањето на разговорите за спорот со името во Њујорк, јавуваат медиумите. По двочасовната средба во седиштето на Обединетите нации, Нимиц рече дека не знае како понатаму, а и претставниците на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, не дадоа најави за нова средба. Нимиц посочи дека постојат сериозни разлики меѓу двете земји по прашањето на спорот. ”Претставниците на двете страни зборуваа меѓу себе за отворените прашања. Како што знаете, јас претставив еден документ во април за кој разговаравме отворено при мојата посета на регионот. Темелно разговаравме за мојата посета на регионот, да ги видиме кои се ставовивте во врска со ова прашање и можностите за постигнување решенија. Имавме доста отворена дискусија но неможам да кажам дека е постигнат договор. Имаме добри идеи на масата, но се уште има сериозни разлики меѓу двете страни и тоа не го негирам” рече Нимиц.
XS
SM
MD
LG