Достапни линкови

logo-print

Демант од Ал Нусра: Лидерот на групата не е убиен


Припадниците на групата Ал Нусра, поврзана со терористичката Ал Каеда, ја демантираа информацијата на сиријската државна телевизија за убиството на лидерот на џихадистичката група. Членовите на Ал Нусра велат дека Абу Мохамед ал Џавлан е неповреден и моментално се наоѓа во провинцијата Латакиа. Нема дополнителни информации за точната локација на лидерот на групата. Западните сили се трудат да се дистанцираат од Ал Нусра, организација која е силен противник на режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG