Достапни линкови

Јованка Броз денеска ќе биде погребана во Куќата на цвеќето


Јованка Броз, вдовицата на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, денеска ќе биде погребана во „Куќата на цвеќето“ во Белград, каде се наоѓаат и посмртните останки на нејзиниот сопруг. Погребот ќе биде извршен со сите воени почести, бидејќи Јованка Броз е носител на партизански одличја и била потполковник на Југословенската народна армија. Српскиот премиер Ивица Дачиќ ќе одржи говор во име на владата на Србија.
XS
SM
MD
LG