Достапни линкови

Времето денеска сончево


Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура се движи од два до осум, а дневната температура ќе биде во интервалот од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и претежно тивко, со утринска температура до шест и со дневна до 25 степени. Во почетокот на наредната недела продолжува периодот на сончево и релативно топло време. Во одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

XS
SM
MD
LG