Достапни линкови

logo-print

Филе и Линкевичијус: ЕУ ќе продолжи да се шири


Штефан Филе

Штефан Филе

Процесот на проширување на ЕУ ќе продолжи, порачаа денеска во заедничкиот авторски текст еврокомесарот за проширување Штефан Филе и министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичијус, наведувајки дека „историскиот договор меѓу Белград и Приштина претставува доказ за трансформативната сила на Унијата“.

Проектот ЕУ ниту се запира, ниту забавува, пишува во текстот под наслов „Западниот Балкан и Турција: Нови можности за проширување на ЕУ“, испратен до медиумите во Србија, со потсетување дека Хрватска од летово е примена во полноправно членство, додека во септември почна процесот на скрининг со Белград.

Историскиот договор меѓу Србија и Косово е од суштинска важност, напишаа Филе и Ликевичијус, со констатација дека тоа „веројатно е највпечатливиот скорешен пример на сила на процесот на трансформација на патот кон приклучување кон ЕУ и јасен сигнал дека дури и најтешките одлуки можат да бидат донесени доколку постои силна мотивација и политичка волја“.
XS
SM
MD
LG