Достапни линкови

МПЦ - за поповите нема Фејсбук


Синодот на Македонската православна црква донесол одлука за забрана за користење на социјалната мрежа Фејсбук меѓу свештенството, монаштвото и владиците, објави весникот „Нова Македонија“.Ваквата иницијатива ја повел владиката Петар.
Тој во изјава за „Утрински весник“ ја образложува својата иницијатива. Вели дека бил поттикнат да побара забрана за користење на социјалните мрежи од страна на свештенството поради заштита од злоупотреби и некои нови појави како исповедување и интимни разговори со младите, кои зачестиле во последниот период.
Решението во писмена форма било доставено до великодостојниците, а на него бил наведен и рок до кога треба да се исклучат од социјалната мрежа.
Тоа, според некои медиуми, создало недоразбирања и превирања меѓу повозрасните, кои воопшто не го користат интернетот и меѓу помладите владици, кои секојдневно се присутни на социјалните мрежи.
Еден од најактивните на ФБ е владиката на Европската Епархија, Пимен кој на социјалната мрежа има многу следбеници.
XS
SM
MD
LG