Достапни линкови

ЕУ - Прислушкувањето од САД е штетно


На самитот на ЕУ кој заврши во Брисел доминираше загриженоста околу наводното шпионирање од САД на земјите-членки на Унијата. Во соопштението по самитот се наведува дека недостатокот на доверба може да и наштети на борбата против тероризмот.
До оваа изјава доаѓа откако Франција и Германија извршија притисок за разговори со Вашингтон за да се најде ново "разбирање" до крајот на годинава во врска со американските разузнавачки активности по откритието дека американските разузнавачки агенции можеби го следеле мобилниот телефон на канцеларката Ангела Меркел, како и милиони телефони во Франција.
На дводневниот самит во Брисел, исто така, станало збор и за прашањето на имиграцијата во услови на се поголем број смртни случаи на бегалците кои се обидуваат да го минат Средоземното Море на пат кон Европа.
XS
SM
MD
LG