Достапни линкови

logo-print

Три години затвор за Слободан Даневски


Џумајлија

Џумајлија

Основниот суд во Штип му изрече казна затвор од три години на Слободан Даневски за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување во текот на 2002 и 2003 година, кога бил претседател на Управниот одбор на Агрокомбинатот „Џумајлија“, информираше портпаролот на Основниот суд-Штип, Стојан Михов.
Според Михов за истото кривично дело судска постапка треба да се води и против Зоран Даневски, кој е брат на поранешниот светиниколски градоначалник и за него има барање за екстрадикција. Доколку биде донесен во земјава во штипскиот Основен суд ќе има постапка за истото кривично дело, а може и да му се суди и во негово отсуство.
XS
SM
MD
LG