Достапни линкови

Претседателски избори во Мадагаскар


Мадагаскар, 2009.

Мадагаскар, 2009.

Во Мадагаскар денеска се одржуваат претседателски избори кои претставуваат и своевидно враќање на демократијата во оваа островска земја на Индискиот Океан, по воениот удар во 2009 година. Агенциите јавуваат дека во јужниот дел на земјата дошло до насилства откако еден офицален претставник бил убиен на гласачкото место. Во трката се над 30 кандидати и, според анкетите, ниту еден не е фаворит за победа. На претседателот Андри Раџоелина, поранешен диск џокеј кој ја презеде власта со воен пуч и на соборениот претседател Марк Раваломанана им е забрането да учествуваат на изборите. Мадагаскар, според Светската банка, има една од највисоките стапки на сиромаштија во светот.
XS
SM
MD
LG