Достапни линкови

Норвешка одби да го уништи сириското хемиско оружје


Министерот за надворешни работи на Норвешка Берге Бренде денеска изјави дека го одбил американското барање дел од сириското хемиско оружје да биде уништен во Норвешка. Тој образложи дека неговата земја немала капацитети и соодветна опрема за исполнување на барањето во предвидените рокови. Со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, усвоена во септември, се предвидува уништување на сите залихи на сириско хемиско оружје до 30 јуни идната година. Се проценува дека Сирија има илјада тони хемиски арсенал.
XS
SM
MD
LG