Достапни линкови

Пензискиот фонд на стаклени нозе


Средба на вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за труд и социјала Диме Спасов со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски. пензии.

Средба на вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за труд и социјала Диме Спасов со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски. пензии.

ПИОМ секоја година позајмува се повеќе пари за исплата на пензиите. Лани од државниот буџет биле дадени 166 милиони евра за да може Фондот да ги исплати пензиите.

Пензискиот фонд во Македонија бележи дефицит. Причините за тоа според економистите не се само во неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите, туку и лошите политички одлуки.
Ако овој тренд не престане, во една перспектива од 5,10, 15 години Фондот може и целосно да крахира.

„Владата континуирано ги зголемува пензиите над законски определените износи, таа јавно кажува дека според законот следуваат 3 проценти годишно, но од Владата добиваат дополнителни 2-3, веројатно заради политичко додворување на пензионерите и фондот постојано има се повеќе и повеќе трошоци, а релативно пониски приходи“, изјави професор Никола Поповски, кој е и поранешен министер.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија што беше објавен вчера се наведува дека ПИОМ секоја година позајмува се повеќе пари за исплата на пензиите. Лани од државниот буџет биле дадени 166 милиони евра за да може Фондот
Како што се намалија придонесите за пензиско, се намали процентот и за здравствено осигурување и тоа доведе до тоа државата да мора да интервенира.
да ги исплати пензиите. Во извештајот стои дека осигурениците на Фондот му должат 208 милиони евра.

Според аналитичарите пропадната е и идејата за независен и самостоен фонд за здравствено осигурување со кој ќе раководат осигурениците. Сега тој е владина устанува која работи како сите буџетски установи, вели поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Никола Пановски. Причините за тоа не се само во економската ситуација, туку и претходно намалените придонеси за здравствено осигурување како што беа намалени и за пензиското осигурување.

„Значи од 9,2 се намалија, требаше да стигнат до 6, меѓутоа владата виде дека тоа е невозможно, па некаде запре на некаде околу седум проценти од личните доходи. Како што се намалија придонесите за пензиско, се намали процентот и за здравствено осигурување и тоа доведе до тоа државата да мора да интервенира.“

Меѓутоа економистите нагласуваат дека особено е загрижувачки дефицитот во пензискиот фонд. Пензискиот фонд има влијание врз социјалната состојба во државата со оглед дека многу семејства поради високиот процент на невработеноста се потпираат на пензиите.

„Овој сплет на погрешни политики и структурните проблеми кои ги има фондот отсекогаш, придонесува тој да стане многу нестабилна финансиска институција на која без помош од буџетот секој месец од огромни и растечки износи, тој нема да биде способен да ги врши функциите. Ако овој тренд не престане, во една перспектива од 5,10, 15 години Фондот може и целосно да крахира“, нагласува професор Поповски. За споредба со 2011 дефицитот во Фондот за пензиско во 2012 е зголемен за 30 милиони евра или за 3 проценти.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG