Достапни линкови

ЕУ не може да биде неутрална за „името“


Премиерот Никола Груевски и шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје.

Премиерот Никола Груевски и шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје.

Унијата не би се вклучила во процесот активно, оти европските дипломати не гледаат подготвеност кај македонското и грчкото раководство да се реши долгогодишниот спор, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

Европската унија не може да биде неутрален посредник во спорот за името, оти кога таа зборува, зборува во името на Грција, вели универзитетскиот професор Денко Малески. Коментирајќи ја иницијативата за директно вклучување на висок претставник на Европската унија во преговарачкиот процес и шансите побрзо да се дојде до решение, Малески вели дека фактот што на крајот од денот Грција може да ја попречи секоја одлука што не и се допаѓа со правото на вето, ја прави Унијата несоодветна за таа улога.
Странците на високи позиции во Европската унија или во Америка, немаат време, ниту пак волја да учествуваат во градењето на домашниот консензус, дури откако тоа нешто ќе се случи дури тогаш може да се очекува голем пробив.

„Функционерите во Европската унија не сакаат да си ги загрозуваат сопствените, персонални позиции таму, во смисла да се замерат со некој кој е внатре, тоа ја прави Унијата по малку несоодветна.“

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу пак е сигурен дека делегирањето на конкретна личност од Унијата во македонско-грчкиот дијалог би било поефикасно и покорисно за преговорите, но додава дека не може да се повлече паралела помеѓу случајот на Србија и Косово и Македонија и Грција.
Министерот за надвореши работи Никола Попоски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Министерот за надвореши работи Никола Попоски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.


„Во случајот на Србија и на Косово имаме две страни кои не се членки на ЕУ, така да можноста за охрабрување или вршење на притисок од страна на ЕУ или нивни претставник е поголема отколку кај нашиот пример кадешто едната страна е членка на ЕУ.“
Во случајот на Србија и на Косово имаме две страни кои не се членки на ЕУ, така да можноста за охрабрување или вршење на притисок од страна на ЕУ или нивни претставник е поголема отколку кај нашиот пример.

И професорот Малески верува дека Унијата не би се вклучила во процесот активно, оти според него европските дипломати не гледаат подготвеност кај македонското и грчкото раководство да се реши долгогодишниот спор. Она што дома недостига е атмосфера на општ внатрешен консензус од којшто потоа би можело да произлезе никаква улога на посредници.

„Странците на високи позиции во Европската унија или во Америка, немаат време, ниту пак волја да учествуваат во градењето на домашниот консензус, дури откако тоа нешто ќе се случи дури тогаш може да се очекува голем пробив.“

Муслиу пак е на мислење дека ова прашање станало товар и за Европската Унија, па оттука таа би сакала истото побрзо да го затвори. И ентузијазмот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе укажува на тоа дека Унијата сака овој проблем да се заврши за да не ги оптоварува вредностите кои тие ги промовираат, вели Муслиу.

„Но кога велам Европска унија, велам Европска Унија минус Грција, затоа што и Грција е ЕУ, така да верувам дека ако околностите би се средиле и ако Грција не би имала ништо против, верувам дека ЕУ би се вклучила.“

Покрај се, Малески заклучува дека поседувањето на Обединетите Нации и Соединетите Држави кои имаат поголема дистанца од европските структури влеваат поголема надеж за успешно решавање на проблемот за името.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG