Достапни линкови

Предразговори за иранската нуклеарна програма


Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано и заменик шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи в понеделник во Виена ќе се сретнат како подготовка на новата рунда разговори за иранската нуклеарна програма. Меѓународната агенција бара пристап до иранските постројки и документи како дел од истрагата во врска со наводите дека Иран развива нуклеарно оружје. Иранската република ги отфрла ваквите наводи. Новата рунда разговори меѓу светските сили и Иран треба да се одржи на 7 и 8 ноември во Женева.
XS
SM
MD
LG